По денешните реванши (од 15 часот) во осминафиналето на фудбалскиот Куп на Македонија седум тима ќе му се приклучат на Кораб во четврт-финалето, кој директно се пласира понатаму. По првите средби пред две недели најблиску до пласман меѓу осумте најдобри е Академија Пандев, која на гости ја победи Брегалница со 6-2. Гостински победи славеа и Силекс (2-0 со Скопје), Победа (2-1 со Гостивар), Беласица (2-0 со Пелистер) и Работнички (1-0 со Тиквеш), дома победи Шкендија (2-0 со Кит-Го), а со реми заврши дуелот Вардар – Македонија ЃП (1-1).