Реал Мадрид се врати на тренинзи првпат по два месеци од пандемијата на корона вирусот, со Зинедин Зидан со заштитна маска, и со фудбалерите поделени во две групи за тренинзи со практицирање на социјално дистанцирање.

Тимот работеше според стриктните протоколи на шпанската влада, користејќи различни терени за да се комплетираат индивидуалните тренинзи со и без топка. Еден Азар се врати на тренинзите по операцијата на скршениот скочен зглоб, а фудбалерите се вратија на терените во базата во Валдебебас првпат по два месеци.

Капитенот Серхио Рамос изјави дека е „очаен“ да се врати на работа и тврди дека на Шпанија и е потребен фудбалот како помош на економијата.

– На земјата и е потребен фудбалот за економијата, а на луѓето како нешто на што можат да загубат дел од времето. Умирам да се натпреварувам повторно – изјави Рамос.