Реал сака да го купи фудбалерот на Интер, Мауро Икарди, објавија шпанските медиуми. Трансферот може да се случи во јануари.

Според „Дон Балон“ шпанскиот клуб е подготвен да плати 110 милиони евра за извонредниот напаѓач. На „Сантијаго Бернабеу“ сакаат трансферот да се реализира веќе во зима, бидејќи сметаат дека е неопходно да се зајакне нападот што е можно поскоро.

Во прилог на ова тврдење е и променливата форма на Карим Бензема кој оваа сезона не покажува постојано високо ниво во шпицот.

Икарди има изјавено дека сака да стане играч на Реал.

Оваа сезона, 25-годишниот Аргентинец одигра 11 натпревари за Интер на сите натпреварувања и постигна осум гола со два асистенции.