Плановите за нов стадион на Реал Мадрид беа презентирани од претседателот, Флорентино Перез, кој верува дека стадионот ќе донесе 150 милиони повеќе во приходите годишно, објави „Марка“. Перез вели дека изградбата би требало да почне во почетокот на 2019 година, со цена од 525 милиони, како и тоа дека стадионот ќе биде модерен, побезбеден, со две цели – зголемен комфор за сите гледачи и приход.