Ал Аин го совлада Велингтон од Нов Зеланд со 4-3

Во Обединети Арапски Емирати (ОАР), во Ал Аин и во Абу Даби, шампионите на шесте конфедерации на Светската фудбалска федерација (ФИФА), како и претставникот од земјата-домаќин, играат за титулата светски клупски првак.
Тоа се бранителот на титулата, шпански Реал Мадрид (Европа), Есперанс од Тунис (Африка), Кашима од Јапонија (Азија), Гвадалахара од Мексико (Северна, Централна Америка и Карибите), Велингтон од Нов Зеланд (Океанија), Ривер плата од Аргентина (Јужна Америка) и Ал Аин од ОАР.

Во првиот натпревар домаќинот Ал Аин го совлада Велингтон од Нов Зеланд со 4-3, на пенали, иако беше во негатива од 0-3, по што се пласира во денешното четврт-финале, во кое ќе се сретне со Есперанс од Тунис. Денеска играат и Кашима – Гвадалахара.

Како главни фаворити за триумф се сметаат победникот на европската Лига на шампионите (ЛШ), Реал Мадрид, и аргентински Ривер плата, најдобриот во јужноамериканскиот Копа либертадорес, кои се повластени и ги чекаат противниците во полуфиналните дуели, на 18 и 19 декември.

Вкупниот награден фонд изнесува 28 милиони долари. Победникот на турнирот, најверојатно последен во ваков опсег пред евентуалното проширување на 24 екипи, ќе заработи пет милиони долари, поразениот четири милиони итн.
Најуспешни, со по три титули клупски светски првак, се тимовите од Шпанија, Реал Мадрид и Барселона.