Во натпреварот за трофејот „Сантијаго Бернабеу“ екипата на Реал синоќа го совлада Милан со 3:1.

На средбата во Мадрид головите за домашната екипа ги постигнаа Карим Бензема, Герет Бејл и Борха Мајорал.

За Милан дебитантски гол постигна Гонзало Игуаин во неговиот прв настап за росонерите.

Двата тима идната недела ги почнуваат настапите во домашните шампионати. Реал го пречекува Хетафе, а Милан е домаќин на Џенова.