Само три тима од најсилните пет лиги во Европа сезонава настапиле со фудбалери што се во просек повеќе од пет години во првиот тим, и тоа Реал Мадрид (просек од 5,84 години), Барселона (5,36) и Баерн (5,26), објави Фудбалската опсерваторија на Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС). Вкупно, надвор од најдобрите пет лиги (Англија, Франција, Шпанија, Италија и Германија) високо котира и Викторија Плзен (просек од 4,28 години).

Мнозинството тимови со најголема стабилност се меѓу најконкурентните тимови во своите домашни првенства, велат од ЦИЕС. На другата страна на оваа необична листа е хрватскиот тим Истра (0,15 години), меѓу 31 земја што влегоа во анализата на ЦИЕС, како и италијанска Парма (0,65) од тимовите од најсилните пет лиги.