Реал Мадрид нема да може да смета на услугите на Марко Асенсио во следните дваесетина дена, објави шпанска „Марка“.

Фудбалерот од средниот ред го повреди колкот во полуфиналниот натпревар на Светското клупско првенство со Касима (3-1).

Оваа сезона, 22-годишниот Асенсио одигра 16 натпревари во шпанскиот шампионат, постигна еден гол. Во Лигата на шампионите настапи на пет натпревари.