Агентот на Пол Погба, Мино Рајола одговори на критиките кои легендарниот фудбалер на Јунајтед, Пол Сколс ги упати до Французинот.

По неделниот пораз на Јунајтед од Брајтон (2:3), Сколс изјави дека Погба не е вистински лидер на тимот од „Олд Трафорд“.

– Сколс се јави само од страв да не биде заборавен. Тој сигурно ни во Винстон Черчил не гледа лидер. Мислам дека би требало да стане спортски директор и да го посоветува Вудфорд да го продаде Погба. Би имал бессони ноќи да му најдам нов клуб – му порача иронично Рајола на Сколс преку Твитер.

Погба подолго време е цел на критики во Јунајтед, а од истите причини, не му се сјајни ниту односите со менаџерот Жозе Мурињо.