Пандемијата на коронавирусот остана пречка за организирање меѓународни фудбалски натпревари на репрезентациите, па затоа тоа повторно влијаеше на ранг-листата на Светската фудбалска федерација (ФИФА), која останува непроменета во однос на минатата, објавена во април.

Така, Македонија остана на 68-то9 место. На врвот и понатаму е Белгија, пред Франција и пред Бразил, кои го комплетираат подиумот, а Англија и Уругвај продолжуваат да го заземаат четвртото, односно петтото место. Потоа следуваат Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина, Колумбија, Мексико, Швајцарија, Италија, Холандија, Германија, Данска, Чиле, Шведска, Полска, Сенегал… Рангирани се вкупно 210 репрезентации од целиот свет.

Продолжувањето или почетокот на квалификациите за Светското првенствово во 2022 година во соодветните конфедерации се чека со нетрпение, што треба да донесе раздвижување во пласманите на репрезентациите на листата на ФИФА во наредните месеци. Следната ранг-листа треба да биде објавена на 16 јули.