Реал Мадрид забележа победа, прва сезонава во фудбалската Ла лига, во трилер-мечот на гости кај Бетис во Севилја, со 3-2, на кој во „главна“ улога беше и системот видеоасистент-судијата (ВАР). Во 67-та минута беше исклучен Емерсон поради прекршок врз Лука Модриќ, а во 82-та минута беше досуден пенал за Реал Мадрид што во победнички гол со „паненка пенал“ го претвори Серхио Рамос. При двете одлуки имаше доста расправии и долго прегледување на спорните ситуации. Рамос, кој го постигна победничкиот гол за Реал, стана третиот фудбалер во историјата на Ла лига што 17 сезони едноподруго постигнува гол. Агустин Гаицка е рекордерот со голови во 19 сезони во низа, од 1940 до 1959 година, за Атлетик Билбао, а славниот центарфор Карлос Алонсо Сантилјана (Реал Мадрид), како и Рамос, е стрелец во 17 сезони во низа, од 1971 до 1988 година.