Францускиот шампион Пари Сен Жермен, сака да ја продолжи соработката со аргентинскиот фудбалер Ангел Ди Марија.

Тамошните медиуми тврдат дека наскоро ќе биде обновен договорот на 30-годишниот Ди Марија и тој ќе биде со важност до 2021 година.

Аргентинецот е во ПСЖ од 2015 година. Неговиот актуелен договор е до летото 2019 година.

За ПСЖ Ди Марија има одиграно 138 натпревари, постигнати 52 гола и остварени 54 асистенции.