ЛИГА 1

Пари сен Жермен без голем број sвезди во тимот, вклучувајќи ги новото засилување Лионел Меси и Нејмар, беше пресилен за Брест, совладувајќи го на гости со 3-1. Ова беше трета победа на трите воведни меча сезонава во Лига 1, со гол разлика 10-5. Килијан Мбапе постигна еден гол, прв за него сезонава, по двете асистенции на натпреварите против Троа и Стразбур.

Бранителот на титулата Лил не успеа да ја забележи првата победа сезонава, ремизирајќи со Сент Етјен, 1-1. По три кола, Лил има само два бода и е на 13-та позиција на табелата, седум помалку од лидерот ПСЖ.