Холандскиот ПСВ е на чекор до пласман во групната фаза натпревари во Лигата на шампионите (ЛШ), по триумфот над БАТЕ Борисов на гости со 3-2 во првиот плејоф-натпревар. Белградска Црвена звезда и Бенфика не успеаја да забележат победи дома, над Салцбург (0-0), односно ПАОК (1-1) и шансата ќе мора да ја бараат на гостувањата следната недела.

Победниците во плејоф-дуелите ќе се пласираат во групната фаза во ЛШ, а поразените ќе ги продолжат натпреварите по групи во Лига Европа (ЛЕ).


Резултати, први натпревари
Бенфика – ПАОК 1-1
БАТЕ Борисов – ПСВ 2-3
Црвена звезда – Салцбург 0-0
Синоќа играа
Ајакс – Динамо К.
Види – АЕК
Јанг бојс – Динамо З.
Реваншите се на 28/29 август