Откако вчера изутрина беа откриени остатоци од авионот со кој патувал Емилијано Сала, денес истражувачите пронашле тело, информира „Би-би-си“.

Не е јасно дали тоа е на фудбалерот или на пилотот Дејв Иботсон.

– За жал, во видеото од машината, која беше спуштена на дното, се гледа тело на човек меѓу остатоците. Одделот за истраги на воздушните инциденти сега размислува за наредните чекори, се консултира со семејствата на пилотот и патникот и полицијата, изјавија од споменатиот оддел на британските власти.