Судот за спортска арбитража (САС) во Лозана ја поништи одлуката на Фудбалската конфедерација на Африка (КАФ) за преигрување на финалниот реванш-меч во африканската Лига на шампиони (ЛШ), меѓу Есперанса од Тунис и Видад од Мароко.
КАФ на почетокот од јуни одлучи реваншот да се преигра поради скандалот во Тунис. Првиот меч во Мароко заврши без победник, 1-1, а во реваншот по водството на Есперанса од 1-0, на 30 минути до крајот судијата му го поништи израмнувачкиот гол на Видад поради, наводно, непостоен офсајд. Но судијата немаше можност да ја прегледа снимката и да ја поништи одлуката затоа што ВАР-технологијата не функционирала на тој меч! Револтираните фудбалери на Видад одбиле да го продолжат мечот, по што Есперанса била прогласена за победник. Извршниот одбор (ИО) на КАФ потоа донел одлука реванш-мечот да се преигра на неутрален терен, на што двата клуба се пожалиле до САС. Оттаму следувало и образложение дека ИО на КАФ не е компетентен да донесува одлука за преигрување и оти за тоа треба да решаваат други органи во таа организација