Данило го постигна единствениот гол за Португалија по две одиграни средби во квалификациите

Светскиот фудбалски првак Франција и Англија забележаа убедливи победи над Исланд со 4-0, односно над Црна Гора со 5-1 во дуелите од квалификаците за Европското првенство во 2020 година. Двете селекции имаат по два триумфа во исто толку одиграни средби.

Европскиот шампион Португалија, пак, забележа второ реми во групата Б, овојпат против Србија 1-1, откако претходно одигра нерешено со Украина 0-0, во двата дуели во Лисабон. 

Ова беше уште еден неубедлив настап на Португалците, кои имаат проблеми со реализацијата. Избраниците на Фернандо Сантош имаа вкупно 45 удари кон голот во првите две средби (28 против Србија и 17 против Украина) од кои само обидот од далечина на Данило заврши во мрежата на Србија.

Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо го напушти теренот поради повреда на мускулот на десната нога, во 30-та минута.

Кристијано Роналдо го напушти теренот по половина час игра