И покрај што засега нема официјална потврда за тоа, сепак од извори блиски на „Нова Македонија“ дознаваме дека акциите на фудбалскиот клуб Пелистер,  се продадени на македонската берза.

Акциите на Пелистер се продадени во петокот на 8 октомври. Засега сеуште не се знае кој ги купи акциите на Пелистер кои беа понудени на продажба. Тоа ќе се знае за неколку дена кога ќе биде реализирана трансакцијата.

Со продажбата на акциите  е сменета сопственичката структура на  ФК Пелистер. Во иднина наместо досегашниот сопственик Пеце Стојчевски со Пелистер ќе раководи нов газда.

Инаку  досегашниот сопственик на Пелистер, Пеце Стојчевски  на продажба го имаше понудено пакетот акции од 75 отсто, колку што тој поседуваше. Со останатите 25 отсто од акциите ќе раководи локалната самоуправа, кој ќе има свој претставник во клубот.

 М.М.