Фото: Игор Бансколиев

Фудбалската репрезентација на Македонија има историска шанса првпат да игра во бараж за пласман на Мундијалот, но патот до Катар е тежок, со повеќе силни противници.

Бидејќи УЕФА ги смени правилата за пласман на СП за овој циклус, за учество на Мундијалот потребни се победи на два меча од доигрувањето во март. Македонија нема да биде меѓу носителите, па првиот меч ќе го игра на гости со еден од следните противници – Португалија, Италија, Шкотска, Русија, Шведска или Велс.

По ова полуфинале следува друг меч со уште еден противник од баражот, но овојпат ќе има ждрепка каде ќе се игра мечот. Дуелите ќе се играат на крајот на март.

Ждрепката за баражот е на 26 ноември.