Премиер лигата во сезоната 2019-2020 ќе има зимски одмор. Како речиси сите европски првенства, 20 клубови во Премиер Лигата ќе се одморат две недели.

Фудбалската асоцијација на Англија ја опиша веста како „одличен момент за англискиот фудбал“.

Зимската пауза во Премиер лигата ќе се одржи во февруари, со што нема да влијае на „празничниот период“ околу Божиќ и Нова Година.

Промените беа направени денес и во турнирот за ФА Купот. Во петтиот круг од натпреварувањето беа исфрлени преигрувањата во случај на реми во регуларното време. Од сезоната 2019-2020, натпреварите во оваа фаза, кои завршиле со нерешен резултат, ќе бидат решени со дополнително време и пенали. Дуелите ќе се одржат во текот на неделата, а не како што досега беше случај за време на викендот.