Каков натпревар, каков противник, каков перформанс од двата тима. Соодветен спектакл, го сакам тоа. Мошне ретко гледате многу голови на натпревар. Нема да одиме дома и да испиеме неколку пива за тој резултат. Треба да го анализираме. Лидс е посебен. Тие настапија извонредно и беше многу тешко, изјави Клоп, по победата на Ливерпул дома со Лидс со 4-3. Но дали е тоа најдобриот натпревар на отворањето во Премиер-лигата? „Би-би-си“ издвои неколку од најдобрите

ФУДБАЛ

Додека судијата Мајкл Оливер означуваше крај на дуелот на стадионот „Енфилд“, менаџерот на англискиот фудбалски првак Ливерпул, Јирген Клоп, изговори збор за одушевување, пишува „Би-би-си“. Тоа беше соодветниот крај на трилерот со седум гола на дуелот помеѓу Ливерпул и Лидс, кој имаше апсолутно сѐ и заврши со 4-3 на домаќините, во 1-то коло на новата сезона на англиската Премиер-лига.
Клоп рече дека морал да земе здив по неверојатниот натпревар, кој се одигра на речиси празниот „Енфилд“ поради пандемијата на коронавирусот.
– Каков натпревар, каков противник, каков перформанс од двата тима. Соодветен спектакл, го сакам тоа. Мошне ретко гледате многу голови на натпревар. Нема да одиме дома и да испиеме неколку пива за тој резултат. Треба да го анализираме. Лидс е посебен. Тие настапија извонредно и беше многу тешко – изјави Клоп.
Бранителот на титулата водеше трипати, но новопромовираниот Лидс, играјќи во натпреварот од Премиер-лигата првпат од 2004 година, возврати трипати. Избраниците на Марсело Биелса беа на неколку минути до заслужениот еден бод кога Мохамед Салах погоди од белата точка, откако новиот напаѓач Родриго направи прекршок за пенал во 88-та минута врз Фабињо. Салах со тој гол ја почна сезоната со хет-трик (три гола), но тоа вкупно беше меч со драма и забава.

– Да се биде во можност да се постигнат три гола е позитивна работа. Ние, исто така, не можеме да игнорираме дека примивме четири гола. Многу од тие голови можеа да бидат избегнати. Не можете да го предвидите фудбалот, но постојат ситуации за кои знаете дека ќе се случат, само затоа што знаете дека ќе се случат, тоа не ви дава сигурност дека можете да спречите да се случуваат – вели Биелса, пренесе „Би-би-си“.
Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, ја опиша играта како „многу интензивна“ пред да додаде: „Сигурно уживав во победата. Знаевме дека ќе биде тешко“.
Салах стана првиот играч на Ливерпул што постигнал хет-трик во 1-то коло ден од сезоната во лигата по Џон Олдриџ против Чарлтон во сезоната 1988/89. И покрај поразот, перформансите на Лидс освоија пофалби од играчот на Манчестер сити, Бенџамин Менди, кој играше под водство на Биелса во Марсеј.
Но дали е тоа најдобриот натпревар на отворањето во Премиер-лигата? „Би-би-си“ издвои неколку од најдобрите.

Кристал Палас – Блекбурн 3-3, во сезоната 1992/93: Блекбурн штотуку беше промовиран во највисокото ниво, а Кени Далглиш во игра внесе млад напаѓач со име Алан Ширер. На мечот наизменични голови, Палас двапати поведе, Блекбурн возврати, пред Роверс да поведе преку Ширер по 81-та минута. Но тогаш имаше драма во последен момент, бидејќи Симон Озборн постигна израмнување во 90-та минута.
Арсенал – Норич 2-4, сезона 1992/93: Новиот концепт на Премиер-лигата се чини се покажа како полн погодок уште во 1992 година, со два одлични меча во 1-то коло Арсенал водеше со 2-0 во 21-та минута до крајот на дуелот, но Норич изведе зачудувачки пресврт со два гола на Марк Робинс и со головите на Дејвид Филипс и Руел Фокс.

Шефилд Венздеј – Тотенхем 3-4, сезона 1994/95: Трилер од седум гола. Но најдобро се памети прославата со нуркање на Јирген Клинсман, откако го постигна својот прв погодок во Премиер-лигата за Тотенхем.

Саутемптон – Нотингем форест 3-4, сезона 1995/96: Мет Ле Тисие постигна хет-трик и заврши на поразената страна. На крајот, двата гола на Брајан Рој помогна Нотингем Форест да слави.

Дерби – Лидс 3-3, сезона 1996/97: Здраво Дерби, добредојде во Премиер-лигата. Првата сезона во обновената највисока дивизија почна со одличен меч. Пет гола во последните 18 возбудливи минути кулминираа со израмнувањето на Дин Стариџ во 88-та минута за домашните.
Мидлзборо – Ливерпул 3-3, сезона 1996/97: Најпознатиот хет-трик во историјата на отворањето на Премиер-лигата? Мидлзборо трипати го стигнуваше водството за да обезбеди еден бод против Ливерпул, со секој погодок постигнат од дебитантот и иконата во Премиер-лигата од 1990-тите, Фабрицио Раванели.

Чарлтон – Челси 2-3, сезона 2002/2003: Мечот почна со погодокот на Пол Кончески од Чарлтон и исклучување во првите 26 минути. А потоа дуелот заврши со головите на Карлтон Кол и на Френк Лампард во последните шест минути за да се обезбеди брилијантен пресврт за Челси.

Рединг – Мидлсборо 3-2, сезона 2006/2007: Два примени гола по 20 минути на првиот натпревар во Премиер-лигата? Не е проблем за Рединг, кој направи кралско враќање преку Дејв Китсон, Стив Сидвел и Лерој Лита.

Арсенал – Лестер 4-3, сезона 2017/2018: Се чинеше дека имаше суша повеќе од една деценија во оригинални фудбалски трилери со големи пресврти. Но овој вредеше да се чека. Заостанувајќи со 3-2 на седум минути до крајот, Арон Ремзи и Оливие Жиру погодија за да обезбедат победа за Арсенал во класиката на првиот ден од новата сезона.