Чешка ја прекина 10-годишната серија на фудбалската репрезентација на Англија од 43 меча без пораз во квалификациски мечеви, со победата дома со 2-1 во циклусот за пласман на Европското првенство во 2020 година. Со победа Англија ќе обезбедеше место на ЕП. Андора, пак, ја прекина својата 21-годишна серија од 56 меча без победа во квалификации, со триумфот над Молдавија, дома, со 1-0. Андора во 1998 година почна да игра во квалификациите за ЕП и тогаш немаше ниту една победа.