Долгоочекуваниот дрес со кој македонската фудбалска репрезентација ќе настапува на Европското првенство ова лето и официјално е претставен.

Фудбалската федерација на Македонија во видео објавено на социјалните мрежи ги изненади репрезентативците кои денеска добија прилика да ги погледнат новите дресови на селекцијата.

Македонија со три дреса ќе отпатува на Европското првенство. Првиот дрес е во бордо боја, вториот е бел со жолто, третиот е во црна боја, додека сивата боја преовладува кај голманската гарнитура.