ФУДБАЛ

Во финалето на фудбалскиот куп на Германија, на 4 јули, на „Олимпискиот стадион“ во Берлин, ќе играат Баерн и Баер. Тимот на Баерн, предводен од тренерот Ханси Флик, за разлика од неодамнешниот првенствен дуел, во кој славеше со 5-2, овој пат не беше толку убедлив во дуелот на „Алијанц арената“, но, сепак, целта беше постигната. Баерн славеше со минимални 2-1 на мечот со Ајнтрахт.

Баварците стигнаа до финалето на Купот на Германија, каде што ќе се обидат да го освојат јубилејниот 20-ти трофеј, ако успеат да го совладаат Баер Леверкузен, кој, пак, претходно со 3-0 го надигра Сарбрикен.

За Баер ова ќе биде четврто финале, а само во 1993 година успеал да го крене славеничкиот пехар. Двата тима првпат ќе се сретнат во финале на Купот на Германија. За Баерн ова е четврто финале во претходните пет години, а вкупно 24-то.

На дуелот со Ајнтрахт, Баерн поведе со голот на Иван Перишиќ во 14-та минута, Дани да Коста израмни во 70-та, но пет минути подоцна возврати Роберт Левандовски за победа со 2-1.