Денеска во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија беа одредени двојките за новата натпреварувачка сезона во Првата Македонска Фудбалска Лига (ПМФЛ) 

Ждрепката одреди актуелниот првак Шкендија во првата рунда да се соочи со вицепрвакот Вардар. 

Во воведното коло на 12 август ќе се сретнат и Работнички – Ренова, Силекс – Шкупи, Победа – Беласица и Академија Пандев – Македонија Ѓ.П.