Реал Мадрид трета година во низа ќе игра во финалето на фудбалската Лига на шампионите. Со тоа се доближи до достигнувањето на истиот клуб од 50-тите години од минатиот век (пет во низа, пет титули), а се израмни со Ајакс (од 1971 до 1973) и со Баерн (од 1974 до 1976), кои победуваа во тие финалиња, како и со Бенфика (од 1961 до 1963, две титули), Милан (од 1993 до 1995, една титула) и со Јувентус (од 1996 до 1998, една титула).