Во 3-то коло се постигнати 93 гола (во просек 3,88 гола по меч), 12 повеќе од поранешниот рекорд за едно коло, од сезоната 2010/2011

Возбудувања и рекорден број голови, дури 93 на 24-те натпревари (во просек 3,88 гола по меч) од третата рунда во фудбалската Лига Европа (ЛЕ), 12 повеќе од поранешниот рекорд за голови во едно коло, забележан во петтото коло во сезоната 2010/2011.
Македонските репрезентативци Дарко Велковски и Елиф Елмас беа во почетните 11 на мечот Риека – Наполи, кој го добија гостите со 2-1. Домашните поведоа со 1-0, но потоа гостите направија пресврт и сега се на делба на првото место во групата Ф со АЗ Алкмар и со Реал Сосиедад, со по шест бода. Риека е без бодови.
Хари Кејн на 300-от натпревар за Тотенхем го постигна 200-от гол, во победата на гости кај Лудогорец (3-1). Кејн сезонава е во одлична форма, за што сведочи фактот дека е инволвиран во постигнувањето на 22 гола на 13 натпревари (12 погодока и 10 асистенции).
Во други средби од ова коло, Лил го победи на гости Милан, со 3-0, што значеше и крај на серијата од 24 натпревари без пораз во сите конкуренции за италијанскиот тим. Глазгов Ренџерс водеше со 3-1 на гостувањето кај Бенфика и од 19-та минута имаше фудбалер повеќе, но домаќинот постигна два го ла за реми.