По 10 години првпат се случува Кристијано Роналдо (Јувентус) да не постигне гол во септември и во октомври во мечеви од фудбалската Лига на шампионите, објави Би-би-си. Во 2008 година, тогаш во дресот на Манчестер јунајтед, на пет меча не постигна ниту еден гол, но потоа „се разбуди“ и со тимот стигна до титулата (постигна гол во финалето). Потоа, додека играше за Реал во тие два месеца од годината погодуваше од еднаш до седум пати.