По шест години пауза Англија ќе има финалист во фудбалската Лига на шампионите. Во средата Ливерпул ја елиминира Рома и ќе игра во мечот за европската титула со Реал Мадрид, а претходно англиски клуб имаше во 2012 година, кога Челси играше и победи во финалето во Минхен (против Баерн, на пенали). Шпанија, пак, петта година едноподруго ќе има барем еден финалист (во 2014 и во 2016 имаше по два).