УЕФА почна со активности за продажба на билети за фудбалското ЕП 2020. На интернет-страницата на УЕФА е отворен дел за регистрација, во кој идните купувачи, кои можат да одредат за кој стадион сакаат да набават билет и кои мечеви би сакале да ги следат. ЕП ќе се игра во 12 града, од тоа полуфиналињата и финалето во Лондон, а другите градови се Баку, Минхен, Рим, С. Петербург, Амстердам, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин и Глазгов.