ФУДБАЛ, ЕП (ДО 21 ГОДИНА)

Германија и Португалија ќе играат во финалето на Европското првенство (ЕП) за фудбалери до 21 година, утревечер (21 ч.), на стадионот „Брежице“ во Љубљана, Словенија.
Во првото полуфинале, Германија ја совлада Холандија со 2-1, а во второто, Португалија беше подобра од бранителот на титулата, петкратниот шампион, Шпанија, 1-0.
Германија, која двапати била европски првак (2009 и 2017), по третпат во низа е финалист (во 2017-та триумфира, во 2019-та загуби од Шпанија). Португалија, пак, во третото финале ќе игра за првата титула во оваа конкуренција, откако беше поразена во претходните две финалиња, во 1994 и во 2015 година.