Нов првак во младинската фудбалска Лига на шампионите (ЛШ) е португалски Порто, кој во финалето во Нион го победи англиски Челси со 3-1. За Порто тоа е прва младинска титула, а до неа стигна откако сезонава во нокаут-фазата прими само еден гол, во финалето.

Во полуфиналето Порто го победи Хофенхајм, со 3-0, а Челси, во реприза на ланското финале, славеше на пенали на дуелот со Барселона (2-2 по 90 минути, па 5-4 на пенали). Претходно, во четврт-финалето, Порто го победи со 3-0 дански Митјиланд, а во осминафиналето со 2-0 беше подобар од англиски Тотенхем.
ЛШ за категоријата фудбалери до 18 години се игра од сезоната 2013/2014. Оттогаш по двапати прваци биле Челси и шпанската Барселона, а по еднаш австриски Салцбург и Порто. 


ДОСЕГАШНИ МЛАДИНСКИ ПРВАЦИ
ГОД. ШАМПИОН

2014 Барселона
2015 Челси
2016 Челси
2017 Салцбург
2018 Барселона
2019 Порто