Јав­но­то гла­са­ње за се­ко­ја ка­те­го­ри­ја на ин­тер­нет-стра­ни­ца­та на ФИФА ќе трае до 10 де­кем­ври

ФУДБАЛ – ФИФА ГИ ОБЈАВИ НОМИНИРАНИТЕ ЗА НАЈДОБРИ ГОДИНАВА

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави имињата на номинираните за најдобри фудбалер(к)и, тренери и голмани за 2021 година. Победниците ќе бидат познати на онлајн церемонијата на 17 јануари 2022 година. Кандидатите за признанијата беа избрани од стручни панели, во кои беа вклучени Тим Кејхил, Давид Трезеге, Алекси Лалас и други. Јавното гласање за секоја категорија на интернет-страницата на ФИФА ќе трае до 10 декември, а на почетокот од 2022 година, ФИФА ќе објави листа со по тројца финалисти за секоја награда. Номинираните за наградата „Пушкаш“ за најдобар гол ќе бидат објавени подоцна.
Номинирани за најдобри фудбалери се: Карим Бензема (Реал М.), Кевин де Брујне (Манчестер С.), Кристијано Роналдо (Јувентус/Манчестер Ј.), Роберт Левандовски (Баерн М.), Лионел Меси (Барселона/ПСЖ), Нејмар (ПСЖ), Ерлинг Холанд (Борусија Д.), Жоржињо (Челси), Н’Голо Канте (Челси), Килијан Мбапе (ПСЖ) и Мохамед Салах (Ливерпул).

За најдобар тренер конкурираат: Антонио Конте (Интер/Тотенхем), Ханси Флик (Баерн М./селектор на Германија), Пеп Гвардиола (Манчестер С.), Роберто Манчини (селектор на Италија), Лионел Скалони (селектор на Аргентина), Диего Симеоне (Атлетико) и Томас Тухел (Челси).
Најдобар голман: Алисон Бекер (Бразил/Ливерпул), Џанлуиџи Донарума (Италија/Милан/ПСЖ), Едуард Менди (Сенегал/Челси), Мануел Ноер (Германија/Баерн М.), Каспер Шмајхел (Данска/Лестер).
Кај жените меѓу номинираните, најмногу, четири, има од Челси (Магдалена Ериксон, Перниле Хардер, Ји Со-јун, Сам Кер), три од Барселона (Аитана Бонмати, Џенифер Ермосо и Алексија Путелас), две од Манчестер сити (Луси Бронз и Елен Вајт) итн. За најдобри голманки конкурираат Ан-Катрин Бергер (Челси), Кристијане Ендлер (ПСЖ/Лион), Стефани Лин Мари Лабе (Розенгард/ПСЖ) итн. За наградата најдобра тренерка се номинирани Ема Хејс (Челси), Беверли Пристман (селекторка на Канада), Сарина Вигман (селекторка на Холандија) итн.