Плејоф-мечевите за пласман на Европското првенство (ЕП), што требаше да се играат на 26 и на 31 март (Македонија се среќава со Косово во Скопје), се презакажани за почетокот на јуни, ако дозволи ситуацијата, но можни се и други термини. Финалињата на Лигата на шампионите (ЛШ) и на Лига Европа (ЛЕ) се поместени за еден месец и, најверојатно, би се играле на 27, односно на 24 јуни. ЕП 2021 за жени, финалниот турнир на новата сезона на Лигата на нациите (ЛН), како и ЕП за фудбалери до 21 година, што треба да се одржат во летото 2021 година, ќе бидат презакажани, соопшти УЕФА.