Според алгоритамот развиен од Фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) од Швајцарија, проценетата вредност на пет тима од Европа во просек е над една милијарда евра. Четири од нив се од Премиер-лигата, што ја одразува финансиската моќ на англиската лига. Барселона е најдобро рангиран неанглиски тим на оваа листа.

Вкупната трансфер-вредност на играчите на Манчестер сити е речиси 1,5 милијарда евра. Оваа бројка е еден и пол пат повисока од сумата потрошена за трансфери за да се собере тој тим. Сепак, оваа капитална добивка е само хипотетичка, затоа што клуб како Манчестер сити сака да освојува трофеи наместо да ги продава своите најдобри фудбалери, велат од ЦИЕС.

Вредноста на четири тима од првите 40 на табелата е повеќе од трипати поголема од сумите потрошени во трансферите за купување на актуелните играчи: Лион (15. место, 3,3 пати), Сосиедад (31-ви, 3,4), Лил (37-ми, 3,2) и Бетис (38-ми, 3,1). Овие клубови имаат еднакво добро воспоставен бизнис-модел потпирајќи се на промоција на таленти, велат од ЦИЕС.


НАЈВРЕДНИ ТИМОВИ

Манчестер сити 0,964   1,458
Ливерпул          0,659   1,387
Барселона         0,689   1,220
Тотенхем           0,365   1,044
Ман. јунајтед     0,754   1,001

сумите се во милијарди евра, во првата колона е потрошената за купување на играчите, во втората нивната сегашна вредност

Извор: ЦИЕС