Чести се маратонските мечеви во американски фудбал во универзитетската лига (НЦАА), па раководните луѓе сакаат да го спречат тоа како заштита на играчите од зголемениот ризик од повреди.

Еден од порадикалните предлози е своевидна „пенал-серија“ по нерешен резултат, односно откако ќе се одиграат двете предвидени продолженија (по два поседа на топка по тим), ако и тогаш нема победник, да се изведува серија од неколку т.н. конверзии за два поена.

Вакво поентирање во американскиот фудбал е начин на остварување дополнителни два поена по т.н. тачдаун, кој, пак, вреди шест поени, со нов тачдаун што би вредел два, наместо, што најчесто се изведува во текот на мечевите, да се шутира топката преку пречката за еден поен.

Сегашното правило во НЦАА дозволува играње продолженија додека не се добие победник, но по третото по тачдаун мора да се игра конверзија за два поена наместо шут.