Старо-новиот тренер на италијанскиот фудбалски клуб Џенова, Давиде Балардини, не сака Горан Пандев да земине во пензија по завршувањето на Европското првенство.

Капитенот на македонската репрезентација, неодамна изјави дека во 2021 година сака да избори опстанок во Серија А со Џенова, Македонија добро да се претстави на ЕП и потоа да земине во пензија.

– Слушнав дека најавил заминување, сметам дека тоа не смее да се случи. Лично тоа нема да го прифатам. Може тој уште да игра фудбал. Уживање е да се гледа на тренинзите и на теренот – рекол Балардини.