Капитенот Горан Пандев ја пропуштил претпладневната тренинг-сесија на македонската фудбалска репрезентација во Амстердам, поради проблеми со зглобот.

Македонија задутре ќе се сретне со Холандија на арената „Јохан Кројф“ во Амстердам во последното коло од групната фаза на Европското првенство. Избраниците на Игор Ангеловски загубија од Австрија со 1-3 и од Романија со 1-2 во првите две кола.