Горан Пандев го обнови договорот Џенова до 30 јуни 2022 година, како што објави италијанскиот фудбалски клуб.

Џенова инсистираше да го задржи Пандев барем уште една сезона, а тој, иако ја заврши репрезентативната кариера, смета дека уште може да придонесе во Серија А каде што постигна 101 гол во сите клубови за кои настапуваше.