Македонската фудбалерка, Наташа Андонова (25) доби официјална промоција во новиот клуб, шпански Леванте. Таа претходно настапуваше за Барселона, ПСЖ, Розенгард, Турбине Потстдам, а сега со големи амбиции се пресели во клубот од Валенсија.

Клубот ги презентираше и другите две засилувања, Редондо и Џема.

Новиот клуб на Андонова минатата сезона ја заврши како трет во Шпанија, веднаш зад Барселона и Атлетико Мадрид.

Со успех за машката екипа на Леванте настапува македонскиот репрезентативец, Енис Барди кој денеска не ја пропушти приликата на колешката да и посака добредојде во новата средина.

– Добредојде во Леванте. Македонија сега е уште повеќе е левантиста. Многу среќа – напиша Барди.