Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја разгледува опцијата Оман и Кувајт да бидат кодомаќини на некои натпревари на Светското првенство (СП) во 2022 година во Катар, доколку биде решено на финалниот турнир, наместо 32, да настапот 48 репрезентации, објави „Њујорк тајмс“. На СП 2026 во САД, Мексико и во Канада треба првпат да настапат 48 репрезентации, но претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се залага проширувањето да се случи уште на Мундијалот во 2022 година. Конечната одлука за ова се очекува да биде донесе во јуни.