Фудбалерот на Реал Мадрид, Алваро Одриосола беше предизвикан да ги прокоментира критиките кои Кристијано Роналдо ги упати на адреса на „кралскиот клуб“ последниве денови.

Одриосола изјави дека Кристијано е една легенда, кон која тој чувствува респект, но и дека Португалецот е минато за „Сантијаго Бернабеу“.

– Она што можам да го кажам, од моето искуство во Реал Мадрид, е дека ние сме како семејство. Бев изненаден од начинот на кој ме пречекаа соиграчите. Изненаден сум од духот на тимот и нашата секојдневна работа. Мислам дека работите при водство на Солари се многу добри. Имаме поголема доверба поради добрите резултати што ги постигнуваме – изјави Одриосола.