Кристијан Ериксен (црвен дрес)

Најдобриот дански фудбалер Кристијан Ериксен (29), колабираше на теренот во 43-та минута од мечот против Финска во Копенхаген, во рамки на групата Б од Европското првенство.

На Ериксен му се укажува медицинска помош, додека данските и финските фудбалери, како и сите на стадионот го чекаат епилогот. Натпреварот е во прекин.

Одличниот фудбалер за врска во изминатава сезона ја освои шампионската титула во италијанската Серија А со милански Интер.

Ериксен е пренесен во болница и неговата состојба е стабилизирана, според последните информации кои ги објави Европската фудбалска унија (УЕФА) на Твитер.

Допрва се очекуваат официјални информации за продолжувањето на натпреварот.