Капитенот на перуанската репрезентација, Паоло Гереро, кој играше на Светското првенство по привремениот прекин на казната од швајцарскиот Врховен суд, повторно доби забрана за настап на фудбалските терени.

Ова се случи откако му беше обновена 14-месечната казна поради допинг.

Обновувањето на санкцијата значи дека Гереро нема да игра за бразилскиот клуб Интернационал.

Швајцарски суд се очекува наскоро да донесе конечна пресуда по жалбата на Гереро против одлуката на Арбитражниот суд, која ја зголеми шестмесечната забрана од ФИФА на 14 месеци.

Гереро имаше позитивен тест на кокаин по квалификацискиот меч за Аргентина во октомври 2017-та година.