Првиот голман на германската фудбалска репрезентација Мануел Нојер се чувствува подготвен за настап на Светското првенство 2018.

Тој пропушти голем дел од минатата сезона поради повреда и во тој период Тер Штеген беше прва опција на голот на „панцерите“.

– Никогаш не сум ја изгубил довербата. Убеден сум дека можам да се справам со таков интензивен турнир како на Светското првенство. Кога сте повредени, мора да останете психолошки силни. Беше тежок период, но со позитивни аспекти. Останав оптимист. Ризик од повреда? Тој е секогаш присутен. Не се плашам, самоуверен сум и мотивиран. Голманот не треба да му даде на тимот чувство на страв – изјави Нојер.

– Што се однесува до Тер Штеген, можам да ја разберам неговата состојба на умот. Тој имаше добра сезона со Барселона. Секој од нас сака да игра. Тоа е здраво за конкуренцијата во тимот – смета Нојер.

Германија на СП е во група со Мексико, Шведска и Кореја.