ФУДБАЛ

Роналдо сега има 111 гола за Португалија, што е светски рекорд, а тој веќе е најдобар стрелец во ЛШ (134 гола), на ЕП (14 погодока), на ЕП и на СП заедно (21 гол)… Од тие 111 гола, речиси половина беа постигнати во последните 30 минути од натпреварите, пишува „Би-би-си“

Кристијано Роналдо го собори светскиот рекорд за постигнати голови во меѓународниот фудбал за машки репрезентации, откако стигна до 111-от гол, со двата погодока во драматичната победа во квалификациите за Светското првенство в година во Катар, над Република Ирска, со 2-1, пишува „Би-би-си“. Португалецот прво промаши пенал во првото полувреме, но потоа постигна два гола со глава во последните минути од средбата. Досега Роналдо беше израмнет со по 109 гола со Али Даеи (Иран, голови од 1993 до 2006 година), пишува „Би-би-си“.
Напаѓачот на Манчестер јунајтед, исто така, го израмни европскиот рекорд на Серхио Рамос за одиграни натпревари, со неговиот 180-ти настап за Португалија, пишува „Би-би-си“.

– Многу сум среќен, не само затоа што го соборив рекордот туку и за посебниот момент што го имавме. Два гола на крајот од мечот. Морам да го ценам она што го направи тимот, верувавме до крајот. Многу ми е мило – рече тој за РТЕ, пренесе „Би-би-си“.
Роналдо веќе е најдобар стрелец на најквалитетниот турнир во клупскиот фудбал, Лигата на шампионите, во која триумфира пет пати. Тој е, исто така, најдобар стрелец во историјата на европските првенства (14 гола) и на ЕП и на светските првенства заедно (21 погодок).

Од тие 111 гола, Роналдо 33 постигна во квалификации за светските првенства (СП), 31 во квалификации за европските првенства (ЕП), 19 на пријателски натпревари, 14 на ЕП, седум на СП, пет во Лигата на нации и два во Купот на конфедерациите.
Речиси половина од головите на Роналдо беа постигнати во последните 30 минути од натпреварите, пишува „Би-би-си“. Тој постигна 33 гола во последните 15 минути и 22 помеѓу 61. и 75. минута. Точно 91 од неговите голови се постигнати од шеснаесетникот, а 20 однадвор. Роналдо постигна 14 гола од пенал и девет од слободни удари…


НЕКОИ РЕКОРДИ НА РОНАЛДО

l Најмногу голови во куповите на УЕФА (137)
l Најмногу голови во ЛШ (134)
l Најмногу голови во една сезона на ЛШ (17)
l Најмногу голови во нокаут-фаза на ЛШ (67)
l Најмногу победи во финалето на ЛШ (пет)
l Единствен со постигнат гол во три финалиња на ЛШ
l Единствен со постигнат гол на сите шест меча во групата на ЛШ
l Единствен со постигнат гол во 11 натпревари по ред во ЛШ
l Најмногу настапи на ЕП (пет)
l Најмногу мечеви на ЕП (25)
l Најмногу настапи на ЕП и во квалификациите (60)
l Најмногу голови на ЕП (14)
l Најмногу голови за ЕП и во квалификациите (45)
l Најмногу ЕП со постигнат гол (пет)
l Единствен со постигнати барем три гола на три ЕП
l Најмногу настапи на ЕП и на СП заедно (42)
l Најмногу голови на ЕП и на СП заедно (20)
l Најмногу меѓународни голови во светскиот фудбал (111)

Извор: УЕФА


СИТЕ ГОЛОВИ НА РОНАЛДО ЗА ПОРТУГАЛИЈА

квалификации за СП 33
квалификации за ЕП 31
пријателски мечеви 19
европски првенства 14
светски првенства 7
лига на нации 5
куп на конфедерации 2