Новиот дрес на шпанскиот тим Реал Мадрид е направен од рециклиран океански пластичен отпад, објави англискиот весник „Метро“.

Компанијата за спортска опрема „Адидас“ го презела предизвикот за заштита на океанот од загадувањето со пластични објекти кои доаѓаат од домаќинствата. Таа е партнер со еколошката организација „Парли фор д оушнс“.

Алтернативниот дрес на освојувачот на Лигата на шампионите е во црвена боја. Тој беше претставен во Њујорк, а фудбалските ѕвезди на кралскиот клуб влегоа во улогата на манекени. Со „рециклираните“ дресови се појавија Карим Бензема, Лукас Васкез, Начо Фернандез и Марсело.

Новиот дрес потоа беше носен од Реал за нивниот натпревар против Рома во Њу Џерси, како дел од Интернационалниот куп на шампионите.