Денес продолжуваат натпреварите од квалификациите за ЕП 2020. Треба да се одиграат нови 8 дуели во трите квалификациски групи.

Натпреварот што ќе го привлече вниманието на неутралните гледачи е оној помеѓу Шпанија и Норвешка во групата „Ф“, кој ќе се одигра во Валенсија.

Уште еден голем фаворит, Италија денес го започнува своето учество во квалификацискиот циклус. „Азурите“ ја пречекуваат Финска во групата „J“.

Тимовите Шведска – Романија од групата „Ф“ и Грузија – Швајцарија од групата „Д“ исто така се очекува да понудат интересн фудбал.

Квалификации за ЕП 2020, 1. коло:

Од 15:00 часот

Група „Д“:

Грузија – Швајцарија

Од 18:00 часот

Гибралтар – Ирска

Група „Ф“

Шведска – Романија
Малта – Фарски Острови

Од 20:45 часот

Шпанија – Норвешка

Група „Ј“

Лихтенштајн – Грција
Италија – Финска
Босна и Херцеговина – Ерменија.