Нејмар стана седмиот фудбалер со барем 100 натпревари одиграни за фудбалската репрезентација на Бразил, откако тој играше на пријателскиот дуел со Сенегал (1-1), во Сингапур. Досега Нејмар постигна и 61 гол за Бразил. Повеќе од 100 меча за петкратниот светски првак одиграа и Кафу (142 натпревари, четири гола), Роберто Карлос (125/11), Дани Алвеш (117/8), Лусио (105/4) и Клаудио Тафарел (101/0), а рамно 100, покрај Нејмар, има уште и Робињо (28 гола).