Влегувањето на мачката го забележаа Сеад Колашинац (лево) и Месут Озил

Мачка го прекина синоќешниот тренинг на фудбалерите на Арсенал на Олимпискиот стадион во Баку, во пресрет на вечерашниот меч против азербејџански Карабах, во Лига Европа.

Влегувањето на мачката го забележаа Сеад Колашинац и Месут Озил, кои ги прекинаа вообичаените вежби за истегнување, за да го поздрават неочекуваниот гостин. Сократис Папастопулос, пак, не беше заинтересиран за посетата, одминувајќи ја мачката.

Сократис Папастопулос ја одмина мачката

Лондончани ќе се соочат со Карабах во вечерашниот меч од групата Е, со почеток во 18.55 часот.